еМагазин
Image default
Македонија

Најдоцна до март пресуда за Сашо Мијалков и Мендух Тачи за „Титаник2„ на СЈО

Судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, продолжува на 29 јануари со изведување на вешт наод, изработен од економски вештак, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.

Вештиот наод е изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“ и денеска е доставен до судот, по што е даден на овластен судски преведувач на албански јазик и ќе биде даден на обвинетите со цел да се запознаат со истиот и подготват за следното рочиште.

Судијата Огнен Ставрев, на денешното рочиште, информира дека со тоа се исцрпува листата на докази и закажа уште две рочишта за 8 и 15 февруари, кога ќе бидат изведени завршни зборови на СЈО и одбрната.

Обвинетиот Бедредин Ибраими, реагираше пред судот дека му останува должен и дека не прифатил да биде изведен ниту еден од неговите предложени материјални докази.

– Не ми дозволивте коректна и чесна одбрана. Зошто упорно се крие тој доказ што јас го барам. Ова е од формален, не навлегува во материјален дел. Ние овде од почеток не требаше да слушаме како таму некој по кафани разговара за тоа какви одлуки треба да носи ДИК. Кој ќе ги плати сите овие трошоци. Некој сакаше голема, а гледаме испадна мала свадба. Сите видовме дека не се работи за големи финансиски проневери, туку за законска одлука на ДИК, изјави Ибраими.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тачи и Мијалков на суд: Во Кривичен суд судење за изборните нерегуларности од локалните во 2013 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Латас и неговите браќа прогласени за невини, трошоците за судската постапка ќе ги плати државата

Редакција

До почетокот на 2024 година промена на документите со новото име на државата, со нови повисоки цени

Редакција

Мицкоски му кажал на еврокомесарот Хан дека договорот со Грција е штетен и го критикувал Заев

Редакција