еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Монструм“ одложено поради смртен случај на еден од поротниците

Денешното рочиштето за петкратното убиство кај Смилковското езеро „Монструм“ на Јавното обвинителство, е одложено поради смртен случај на еден од поротниците.

На преходното рочиште беа прочитани повеќе разговори меѓу н.н. лица со семејството на обвинтите и во притвор за случајот, кои прашуваат како се и дали знаат што се случува со нив. Потоа беа прочитани и транскрипти од разговори меѓу Али Ахмети, Артан Груби и Муса Џафери.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

154 лица од заболените со коронавирусот во Македонија со хронична и здравствени состојби

Редакција

Лидерската за уставните измени потврдена, се чека датум

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваaт 435

Редакција