еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „ТНТ“ одложено поради отсуство на судијата Ставрев

На 15 мај ќе продолжи судењето за предметот  „ТНТ“, на Специјалното јавно обвинителство (СЈО)  за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Судијата Осман Шабани го одложи денешното рочиште поради службено отсуство на судијата Огнен Ставрев.

За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 80 случаи со Ковид-19 од 680 тестирања, најмногу во Скопје 54

Редакција

МНР го потврди убиството на македонски државјанин во Бугарија

Редакција

Нови 137 случаи на заразени од Ковид -19, најмногу во Скопје

Редакција