еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Титаник“ одложено поради изолација на член на Судечкиот совет

Денешното рочиште за предметот „Титаник“ се одложува поради издадено решение за изолација на член на Судечкиот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Според соопштението, одложено е и наредното рочиште предвидено за 29 март 2021 година, а следната расправа е закажана за 5 април.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Маријан Накески, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието може да почне со работа: Постигнат договор помеѓу партиите за распределба на комисиите

Редакција

ГОБ „8 Септември“ се полни со пациенти: Примени 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120

Редакција

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше против “реваншизмот и теророт на мафијата“

Редакција