еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И покрај укинување на забраната за летови од Македонија, се уште не може да патуваме во Грција

Летовите од Северна Македонија и Албанија, од денеска се дозволени на сите грчки аеродроми, а не само на атинскиот како што беше случајот досега, додека пак прекината е забраната за летови од Турција кон Грција, согласно новите упатства (NOTAM) на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ја укина забраната за летови од Македонија

Границата со Грција останува затворена најмалку до 5. април

Сепак, ова не значи дека македонските државјани можат авионски да патуваат во Грција, бидејќи забраната за влез на државјани на трети земји е продолжена до 5 април 2021 година, како што вчера објави МИА.

Во министерската одлука што во саботата вечер беше објавена во Службен весник на Грција, а стапи во сила во 6 часот утрово, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија“, а истите упатства ги објавува и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

– Упатствата (notam) предвидуваат забрана за влез на државјани на трети земји, освен земјите на Европската унија и Шенген зоната.

Од авио упатствата исклучок се државјаните на следните осум земји: Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Обединети Арапски Емирати, Руската Федерација и Израел.

Во конкретното упатство, за разлика од претходното, Руанда и Сингапур се отстранети од листата земји за кои има исклучок, соопштуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.

Скопје и Атина, независно од денешната одлука, од средината на февруари одново се поврзаа откако грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ ги обнови летовите, но само за оние патници за кои постојат исклучоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 15 февруари се враќаат авионските летови на релација Атина-Скопје

Денешната одлука се однесува на дозволените летови од Северна Македонија и Албанија и на останатите аеродроми во цела Грција.

Како што вчера објави МИА, одлуките за забрана за влез во Грција на државјани на трети земји и за ограничување на копнените граници со Северна Македонија и Албанија, грчката Влада ги продолжи за уште две седмици, односно до 5 април 2021 година во 6 часот наутро.

Границите на Грција, веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Тетово има долг од над 24 милиони евра

Редакција

206 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Комерцијална банка лани ја зголемила добивката за 21,2%

Редакција