Судскиот совет ќе формира комисија која во Основниот суд во Струга ќе направи контрола за да ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка, Анџела Агелер, кои вчера соопштија дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е ставен на црната листа на личности на САД поради сомневања дека се мешал во судски постапки.
-Судскиот совет ќе ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка и ќе формира комисија, која заедно со координаторот за овој суд од редот на членовите, ќе направи посета на овој Суд, за да може на лице место да направи контрола, вели портпаролката на Судски совет, Гордана Дувњак.
Таа информира дека во текот на минатата и оваа година имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на Струшкиот суд, додека Судскиот совет водел две постапки за судии од овој суд.
-Но, напоменувам дека во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, туку за конкретни предмети во кои се засегнати странките, истакнува Дувњак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа
Рамиз Мерко на „тапет“ на Твитер откако САД го стави на црната листа
МИА/Фото: Фејсбук/Мерко