еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Без разлика на ставот на Германија, во Македонија останува одлуката вакцината „АстраЗенека“ да се дава на лица над 60 години

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во Македонија засега останува одлуката вакцината „АстраЗенека“ да се дава на лица над 60 години, одговарајќи на новинарско прашање дали оваа одлука ќе се промени откако Германија одлучи да ја дава на сите возрасни групи.

Филипче рече дека оваа одлука на Германија ја прочитал утрово, разговарал со неколку експерти, но засега нема промена на ставот.

Тој вели дека не е само Германија која имаше донесено ваква одлука, туку Канада и Италија, па оттука ќе се анализираат и случувањата во другите земји, но засега нема промена на ставот.

Филипче додаде дека во државата сите 24.000 дози на „АстраЗенека“ се аплицирале на возрасните групи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја смени ли Филипче одлуката за возраста за вакцинирање со „АстраЗенека“, следејќи го примерот на Германија

Германија ја промени одлуката за „АстраЗенека“: Нема ограничување на возраста, може да се вакцинираат сите

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уништен муралот кој пренесува порака за солидарност и заедништво: Омразата во општеството е влезена во секоја негова пора

Редакција

Убава вест: Оздравени 492 болни од Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков му побегна пред очи на Спасовски, оставка веднаш

Редакција