еМагазин
Image default
Македонија

Судскиот совет повторно ги делегираше шестмината судии, чии решенија беа укинати од Врховен

Судскиот совет денеска повторно донесе одлуки за времено упатување на шест судии за вршење на судиска функција во друг суд. Станува збор за судиите кои поднесоа приговор во врска со решенијата за делегирање на Судскиот Совет кои Врховен суд ги укина, бидејќи не содржеле доволно образложени и прифатливи причини за едно такво одлучување.

Од Судски совет велат дека овој пат причините за делегирањето на судиите ќе бидат образложени согласно законските одредби во кои ќе бидат утврдени сите релевантни факти и околности за одлучување при упатување на судија да суди во друг суд.

Судскиот совет денеска повторно одлучи судијката Билјана Ивановска од Основен суд Струмица да биде делегирана во Основен суд Берово, судијата Кирил Стојановски од Основен кривичен суд Скопје да биде делегиран во Основен суд Прилеп, Фросина Стојановска да биде делегирана од Основен кривичен суд во Основен суд Прилеп, а од Основниот кривичен суд судијата Ахмед Идризи да биде делегиран во Основен суд Кичево, Андреа Апостолска Малиноска од Основен граѓански суд да биде делегирана во Основен суд Кичево и Пајтин Машкули од Основен граѓански суд Скопје во Основен суд Струга.

Претходно, исто така, беа делегирани судиите Маја Катериниќ од граѓански суд Скопје во ОС Куманово, Костадин Георгиев од ОС Струмица во ОС Делчево, Иван Колевски од ОС Битола во ОС Прилеп и Јордан Јованов од Граѓански суд Скопје во ОС Струга.

На денешната седница беа разрешени и повеќе судии поротници од Основен кривичен суд Скопје, поради истек на мандат, како и поради сопствени барања, а беа разгледувани и извештаите за редовното оценување на судии и претседатели на судови. 

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе“: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за напредокот на Македонија

Редакција

Историјата да не биде единствен критериум за членство на Македонија во ЕУ, вели Петков од „Продолжуваме со промената“

Редакција

Притвор за двајцата уапсени на Скопскиот аеродром, осомничени за трговија со еден тон хемиска материја за производство на амфетамин

Редакција