еМагазин
Image default
Локално

Свадбар со пиштол застрелал случаен минувач

На 26.08.2018 година во 16,56 часот вработен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавил дека е донесен, Е.И.(20) од село Визбегово, скопско со повреди од пиштол, информира МВР.

Имено, околу 15,00 часот, додека Е.И. се движел пеш по улица „Индира Ганди“, наишла колона возила со луѓе што оделе на свадбена веселба. Притоа, едно од возилата застанало во близина на Е.И., од него излегло непознато лице и од пиштол испукало еден куршум кој го погодил Е.И. во десната нога.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанец ја малтретирал вонбрачната сопруга

Редакција

Родители го пријавиле синот за малтретирање, при приведување продолжил со агресија

Редакција

Малолетник силувал 16-годишна штипјанка

Редакција