еМагазин
Image default
Македонија

Сведочење на полицаец за насилството во Собрание: Во толпата препознав и колеги

Со сослушување на сведокот Митко Груевски во Кривичниот суд во Скопје почна денешното рочиште за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

На прашања од обвинителката Вилма Рускоска, сведокот кажа дека како полициски службеник и припадник на единица за јавен ред и мир при СВР Скопје, неговата единица била ангажирана за физичко обезбедување на јавните собири пред Собранието.

Тој објасни дека нивна задача била да ја обезбедуваат масата. Толпата луѓе од пред Владата се движела кон Собранието, а кон неа од сите улички се приклучувале уште луѓе. Кажа дека околу и во самата толпа препознал и свои колеги, од кои некои познавал по видување.

На денешното рочиште е предвидено да бидат сослушани уште тројца сведоци, Кирил Бошковски, Зоран Стамчевски и Ивица Вучевски.

Во судница се присутни сите 33 обвинети, од кои 31 се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнувње. Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметниции граѓани. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Сведокот кажа дека во првите редови ги гледал Богдан Илиевски-Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски, а имало и негови колеги кои, како што рече, не знае што функција имале и работеле таму.

На прашање на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа дали го видел во толпата, сведокот кажа дека сите се движеле мирно и никој не правел проблеми.

Нинџа го праша, дали на критичниот ден или општо на протестите го гледале, сведокот кажа дека не рекол за 27 април, туку општо дека го гледале на протестите.

Сведокот рече дека на 27 април бил на работа од 7 до 15 часот  и зборувал генерално за сите денови, а за тоа што се случувало на 27 април во периодот од 15 до 20 часот знае само тоа што го гледал на телевизија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 330 болни од Ковид-19

Редакција

Стејт департмент: Одлуката на Скопје, Софија и Подгорица за забрана за прелет на авионот на Лавров е почитување на обврските кон НАТО

Редакција

Македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија, втората доза ќе ја добијат или таму или дома

Редакција