еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија, втората доза ќе ја добијат или таму или дома

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар на денешната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче во Белград, информираше дека нешто помалку од 15.000 македонски граѓани досега се вакцинирале против Ковид-19 во Србија.

„Наш принцип е граѓаните што ја добија првата доза на „АстраЗенека“, и втората да ја добијат овде во Србија, на пунктовите на кои ја примија првата доза. Но, секако, доколку се договориме поинаку, можно е и да се отстапат вакцини, сѐ е работа на договор,“ рече Лончар.

Српскиот министер апелираше до македонските државјани кои не живеат таму, немаат бизнис, ниту друг вид на регулиран престој во Србија, закажувањето за вакцинирање во Србија да го прават исклучиво преку сајтот е-управа и да не доаѓаат без закажан термин на пунктовите за вакцинација.

Без најава е можно, само ако повторно има нови акции и повици за вакцинирње без термини.

Филипче денеска го посети Институтот „Торлак“ каде што се произведува руската вакцина „Спутник“, а кон крајот на годината има најава и за производство на кинески вакцини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Како да се пријавите за вакцинација во Србија

Филипче: Многу е веројатно вакцината против Ковид-19 да стена сезонска, од „Торлак“ ќе обезбедиме сигурна набавка

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективната клиника поради здравствени потешкотии

Редакција

Димитров: Тешко е да се проголта фактот дека Груевски ќе бара спас во земја-членка на ЕУ

Редакција

(Галерија) Јубилејна „10/22“ колекција на Росица Мршиќ

Редакција