еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Многу е веројатно вакцината против Ковид-19 да биде сезонска, од „Торлак“ ќе обезбедиме сигурна набавка

Многу е веројатно дека вакцината против Ковид-19 ќе стане сезонска, а имајќи го предвид досегашното искуство и проблемите, во периодот што следи, српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини, најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничка прес-конфернеција со српскиот колега Златибор Лончар.

На прашање од МИА, за какво стратешко партнерство станува збор, Филипче појасни, дека било разговарано за капацитетите кои ги има институтот „Торлак“ за производство на месечно ниво, откако ќе започне со производство, како и за проценките за потребите на Србија и земјите од соседството.

„Сметам дека производствениот капацитет ќе биде сосема доволен, за првиот следен момент кога ќе бидат потребни вакцини, да ги обезбедиме од Институтот „Торлак“.

На тој начин, согласно тоа како ќе се одвива пандемијата и препораките за вакцинација и дали евентуално ќе треба и трета доза или можеби оваа вакцина ќе стане сезонска, да обезбедиме еден стабилен и сигурен извор од каде можеме да добиеме вакцина,“ изјави Филипче.

Во однос на тоа дали ваквиот стратешки договор, ќе ги наруши односите со другите производители, Филипче рече дека во овој момент веќе имаме нарачано доволна количина вакцини од повеќе производители, кои се доволни за да се постигне саканиот процент на имунизација на населението.

„Тоа значи дека за секој следен чекор или секоја следна набавка, која треба да ја направиме, прво место на кое ќе се обратиме, а согласно капацитетите за производство, нашите потреби целосно ќе бидат задоволени, ќе биде Институтот „Торлак“,“ додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските граѓани нема да плаќаат патарини во Македонија летово

Македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија, втората доза ќе ја добијат или таму или дома

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави Груевски: Јанакиески е уценет, приклештен и принуден да дава лажни изјави против мене

Редакција

(Видео) Кинески балон лета над САД: За Американците е шпионски, Кинезите велат дека е метеоролошки уред

Редакција

Чешка и Словачка не се согласуваат „погрешно толкување на историјата“ да стои во заклучоците за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан

Редакција