еМагазин
Image default
Свет

Светот може да остане без кафе

Поради климатските промени и уништувањето на шумите можно е да исчезнат повеќе од половина видови кафе во светот, меѓу кои и популарните комерцијални кафиња „арабика“ и „робуста“, предупредуваат научниците.

„Актуелните мерки за одржување на дивите видови кафиња не се доволни за да се заштити нивната долгорочна иднина“, се наведува во истражувањето објавено денеска од експертите на британската Кралска ботаничка градина во Лондон.

Арон Дејвис, кој раководеше со истражувањето изјави дека поради климатските промени можат да исчезнат и видовите кафе, кои би можеле да се одгледуваат во иднина.

„Под итно е потребна акција насочена кон одредени тропски земји, пред се во Африка и тоа во шумските области, кои се тешко погодени од климатските промени. Додека температурите растат, а врнежите од дожд се намалуваат, се помалку има адекватни зони за одгледување на кафе“, посочи Дејвис.

Тој додаде дека заклучоците од истражувањето не се важни само за љубителите на кафе.

„Постојат многу држави кои зависат од кафето поради приходите од даноците. Се проценува дека околу 100 милиони луѓе произведуваат кафе на фарми ширум светот“, наведе Дејвис.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Турција регистрирани 648 последователни земјотреси

Редакција

Студија: 11% од израелските деца кои се заразиле со коронавирусот сега страдаат од „долгорочни ефекти на Ковид-19“

Редакција

Институт Роберт Кох: Деновиве во Германија можни се по 10.000 новозаразени со Ковид-19 на ден

Редакција