еМагазин
Image default
Бизнис

Светска банка ни прогнозира раст на БДП од 3,6 годинава и 3,5% во 2022

Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто и за наредната 3,5 отсто.

За земјите од регионот Светска банка предвидува раст на бруто-домашниот производ (БДП) годинава во Албанија од 5,1 отсто, БиХ, 2,8 отсто, Бугарија, 3,3 отсто, Хрватска, 5,4 отсто, Косово, 3,7 отсто, Црна Гора, 6,1 отсто и Србија, 3,1 отсто.

Во полугодишниот извештај  „Глобал Економик Проспектс“ (Global Economic Prospects) прогнозата за раст на БДП во регионот е 4,4 отсто во Албанија, 3,5 отсто во БиХ, 3,7 во Бугарија, Хрватска, 4,2 отсто, Косово, 4,9 отсто, Црна Гора, 3,9 отсто и Србија, 3,4 отсто.

Според Светска банка растот во Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 отсто во оваа година, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На новата Листа на должници на УЈП, 1.705 правни и 3.338 физички лица

Редакција

Чии акции се со најголем раст и пад на Македонската берза во април

Редакција

АХВ: Се повлекуваат сладоледи на “Кит Кет“ и “Милка“ заради зголемено присуство на етилен оксид

Редакција