Земјотресот со јачина од 7,8 степени и бројните последователни потреси во јужна Турција од 6 февруари, предизвикаа штета од над 34 милијарди долари, процени Светската банка.
Таа институција наведе дека во проценката не се земени предвид трошоците за реконструкција, кои веројатно се двојно повисоки.
Исто така, не се земаат предвид штетите предизвикани во северниот дел на Сирија, кој беше погоден од земјотреси, пренесува Бета, повикувајќи се на АФП.
„Оваа катастрофа не потсетува дека Турција се наоѓа во подрачје со висока сеизмичка активност и дека е неопходно да се зајакне отпорноста и на приватната и на јавната инфраструктура.
Светска банка е посветена на поддршката на напорите на Турција во таа насока“, се наведува во соопштението и се нагласува дека се уште траат проценките за последните последователни потреси.
Околу 10.000 последователни потреси се случиле од 6 февруари во Турција, според турската јавна агенција за управување со катастрофи.
Во Турција и Сирија загинаа повеќе од 50.000 луѓе.
МИА/Фото: Твитер