еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Светски ден без градник: За спомопрегледување на рак на дојката ви е потребно исто толку време колку и за облекување на хулахопки

Самопрегледот за рак на дојката трае исто колку и облекувањето на хулахопките кај жените!, токму со ова пораката македонскиот бренд за хулахопки „Ла Дама“, а во соработка со здружението „Борка“, ја започнува општествено одговорната кампања за борба против ракот на дојката.

Од денес на Светскиот ден без градник, па се до 13-ти ноември, за секој купен пар „Ла Дама“ хулахопки, ќе бидат донирани по 1 денар на Здружението за борба против рак „Борка“ – за секој нов ден.

Хулахопките „Ла Дама“ можат да се најдат во националните ланци на супермаркети (Тинекс, Веро, Рамстор, Кит-Го и Вива Фреш).

– Ние, како женски бренд, сакаме да дадеме наш придонес во борбата со ракот на дојката. Сакаме да апелираме дека самопрегледот е круцијален дел од превенцијата на ракот на дојка и доколку почувствуваме промена треба навремено да направиме преглед.

Денеска ја започнуваме кампањата бидејќи е Светскиот ден без градник така што ги покануваме сите „ла дами“ да ни се приклучат. Тоа може да го сторат со купување на пар хулахопки, во националните ланци на маркети каде што е застапена „Ла Дама“, а набрзо и во онлајн продавницата ladama.mk,“ велат од компанијата

Кампањата е од едукативен карактер и содржи информации за сите жени за да може правилно да се информираат за превенција и борбата против ракот на дојка

– И благодариме на „Ла Дама“ која се приклучува и дава свој придонес во подигнувањето на јавната свест за ракот на дојка како потенцијално излечива болест. Сметаме дека ваквите општествено одговорни акции се многу значајни, не само од финансиски аспект, туку многу повеќе заради тоа што гледаме дека се повеќе компании се охрабруваат гласно да зборуваат и да помогнат во менувањето на здравствените навики кај луѓето.

Ние во Борка, постојано апелираме дека самопрегледот, навремените контролни прегледи и навремената дијагностика се клучни во намалувањето на смртноста од ракот на дојка, изјави Биба Додева, претседателка на Здружението Борка.

Фото: Photo by Victoria Strukovskaya on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како му бил спасен животот на Кемал Ататурк во кавадаречко Дабниште

Редакција

Какво време не очекува за новогодишната ноќ

Редакција

(Фото) Мицкоски се враќа во форма, откако прележа Ковид-19, се искачи на Водно

Редакција