еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

За Европската комисија не е проблем што бандера во Благоевград е адреса на илјадници Македонци со бугарски пасоши

За Европската комисија издавањето бугарски пасоши за Македонци е внатрешна работа во која таа не се меша и покрај тоа што „штанцањето„ на овие пасоши предизвика скандал во Бугарија, за кој пишуваа и најрелевантните европски медиуми, а пасоши Бугарите не им се продавале само на Македонци, туку и на Косовари, Арапи, Молдавции… на база на наводни „бугарски корени“.

Да не заборавиме дека овие пасоши не се само бугарски, туку и европски, а Македонците, како и другите, не ги извадија овие пасоши за да живеат во Бугарија или дека се Бугари, туку за да работат во развиените земји на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Европската Комисија бугарските пасоши за македонски граѓани не се проблем

Од ваквиот став на ЕК за оваа чувствително прашање, кое бугарските политичари го злоупотребуваат кажи-речи на дневна база, произлегува дека за Европската Унија не е проблем тоа што бандера близу Благоевград е адресата на живеење на илјадници Македонци со бугарски пасоши, информација која за „ЕУ Обсервер“ ја сподели поранешна директорка на Советот за државјанство, тело што учествува во одлучувањето за доделување бугарско државјанство на странци, што е само мал дел од мега-скандалот со продажба на бугарски пасоши.

Истата директорка за „Еурактив“ изјави и дека главниот извор на приходи за ВМРО, партијата на Красимир Каракачанов, била шемата „пасоши за пари“, која во времето кога таа била на функција се однесувала на македонски државјани.

Таа го информирала бугарското Обвинителство дека Каракачанов добивал од 550 до 1.500 евра за секој Македонец што добил бугарски пасош во измамата. Бројот на кандидатите дневно изнесувал 150-200. Во целата оваа шема Македонците плаќале пари за да добијат лажен сертификат дека имаат бугарско потекло.

Кога таа се спротивставила и блокирала повеќе од 7.000 апликации, Каракачанов (тогаш во својство на претседател на ВМРО) извршил притисок врз тогашната министерка за правда, Екатерина Захариева, да ја отпушти и да ги деблокира апликациите.

Нема дилема дека во ЕК имаат многу повеќе информации за начинот на издавање на бугарски пасоши отколку што беа објавени во медиумите, и дека им е позната оваа информација, но за жал, оваа е уште еден од примерите за двојните аршини на Европската Унија, која од ден на ден станува се покотрадикторна и се повеќе си ги гази сопствените принципи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Бугарите во Македонија услов за ЕУ: Колкав е нивниот вистински број?

ЕК по изјавата на Радев: Ниедна земја членка не смее да се меша во домашна политика на други земји

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Каргомакс“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на две специјални возила вреден 459.000 евра

Редакција

Дебарски бањи – Цапа ги објави платите и надоместоците на Одборот на директори

Редакција

Нови 120 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 64

Редакција