еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

И Бугарите во Македонија услов за ЕУ: Колкав е нивниот вистински број?

Бугарија не само што не се откажува од ветото за Македонија, туку нејзините барања за да го отвори патот кон ЕУ за земјава од ден на ден се множат.

Па така сега ја условува Македонија и со бројот на Бугари кои се попишале на Пописот, а пораките за тоа деновиве стигнаа од бугарскиот претседател Румен Радев, но и од потпреседателката Илијана Јотова.

И не само тоа. Додека уште траеше Пописот, поранешни, но и актуелни бугарски функционери безобразно се мешаа во внатрешните работи на Македонија, па дури шпекулираа и со бројки на попишани Бугари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев се пожалил на Макрон и Меркел дека Бугарите во Македонија се асимилирани и потиснувани без никакви права

Нема основа за промена на бугарската позиција за Македонија, порача потпретседателката Јотова пред Самитот во Словенија

Повеќе од јасно е дека Бугарија сака да види над 120.000 Бугари во Македонија, наводна бројка која досега е пласирана бројни пати од тамошни политичари, која всушност е бројката на Македонци кои земале бугарски пасош за да можат да работат во земјите на ЕУ, притоа лажејќи дека имаат наводни „бугарски корени“.

Бугарија на тој принцип даваше пасош не само на Македонци, туку и на Молдавци, Косовари, Арапи, Албанци…, а за скандалот знаат и врапчињата.

Се уште е рано да се каже колку граѓани во Македонија се попишале како Бугари на последниот Попис, кој заврши пред неколку дена, но од податоците на Државниот завод за статистика, кој ги доби еМагазин може да се види дека на пописот во 1971 година најмногу граѓани се изјасниле како Бугари, 3.334, а најмалку во 1953 година, 920.

На последниот попис во 2002 година, пак како етнички Бугари се изјасниле 1.487 граѓани.

Дали оваа бројка драстично ќе порасне за да им се „угоди“ на Бугарите или ќе остане во слични рамки точно ќе знаеме за неколку месеци за кога се најавени резултатите од Пописот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска комисија: Градоначалникот Шилегов склучил договор со адвокатот Шилегов за консултантски услуги

Редакција

Поевтинуваат бензините, дизелот поскапува за еден денар

Редакција

(Видео) Драма на пат во Србија: Случaен минувач спаси бебе во автомобилот пред него, кое поради температура изгубило свест

Редакција