еМагазин
Image default
Свет

СЗО: Од вкупниот број на заболени од Ковид-19, 14 отсто се медицински лица

Здравствените работници сочинуваат три проценти од светската популација, но дури 14 проценти од нив се заразени со коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

На редовниот брифинг во седиштето на СЗО во Женева, директорот Тедрос Агханом Гебрејсус ја истакна и пофали работата на здравствените работници ширум светот.

„Пандемијата сите не потсети на херојската работа на здравствените работници, кои секојдневно се борат против пандемијата. Во светот ги има само три проценти, но сочинуваат 14 отсто од заболените во вкупната популација,“ рече Тедрос, пренесе Тасс.

МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 700 загинати во нападите на Хамас врз Израел

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Наместо да ги прекине нападите на Газа, Израел ги засили

Редакција

По 57 години членство: Катар се повлекува од ОПЕК

Редакција