еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во ноември 4,3%

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3%, а цените на мало од 4%, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1%.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1%, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5%, ресторани и хотели за 0,8%, облека и обувки, здравје за 0,2%, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1%.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0,9%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3%, разновидни стоки и услуги за 0,1%.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст ид 0,3%.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија забрани извоз на над 200 производи и опрема како одговор на санкциите на Западот

Редакција

Јанакиески во јуни излегува на слобода

Редакција

Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка во врска со купувањето

Редакција