еМагазин
Image default
Македонија

Тачи и Мијалков на суд: Во Кривичен суд судење за изборните нерегуларности од локалните во 2013 година

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се наоѓа во доказна постапка, и се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

На последното судење беа пуштени неколку „бомби“ предложенои од СЈО на кои се слушна како поранешниот премиер Никола Груевски и новинарот Драган Павловиќ-Латас на 28 март 2013 година разговараат за тоа дека има повторно гласање на неколку места во Македонија.

Во друг разговор наредниот ден поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му вика на новинарот Латас дека од „нешто треба да прават драма три дена“, на што Латас пак вели дека ќе „видиме колку сега Заев кошта”.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела најголем раст на заболени со Ковид-19 има кај децата до 9 години

Редакција

Филипче: Вториот бран на корона вирусот дојде порано од што очекувавме

Редакција

Захариева: Софија нема да подлегне на притисокот од Скопје, нема договор за историјата

Редакција