еМагазин
Image default
Македонија

 Таравари: Алијансата на Албанците ќе го поддржи референдумот

Алијансата за Албанците ќе го поддржи најавениот референдум, но одржувањето на референдумот е луксуз што скапо ќе ја чини државата, рече Арбен Таравари, генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците.

Таравари во изјава за МИА го појасни ставот за поддршката нагласувајќи дека неговата партија конечниот став ќе го каже кон крајот на август за кога е закажано Централното собрание на партијата.

– Начелно, Алијансата за Албанците ќе се изјасни позитивно на референдумот. Недавањето поддршка на собраниската седница од страна на нашите пратеници за распишување референдум беше став со кој сакавме да укажеме дека нема потреба од такво нешто. И без и со референдум, пратениците повторно треба да ги гласаат измените во Уставот кои се наведедени во Преспанскиот договор и обврските кои произлегуваат од него. На овој начин, државата ќе направи големи трошоци и е непотребен луксуз, рече Таравари.

Тој смета дека сите Албанци во Македонија ќе се изјаснат позитивно на референдумското прашање. 

МИА/фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 7 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Отворено писмо на Мицкоски до Заев: Владата покажа дека се плаши од избори

Редакција

(Видео) Како ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот „Македонија“ ја прослави победата во првиот круг од претседателските избори

Редакција