еМагазин
Image default
Балкан

Меркел ќе го „решава„ и Косово

Германската канцеларка Ангела Меркел подготви план кој предвидува формирање на „Заедници на српски општини плус“, верификација на состојбата на терен, како и одржување на референдум за отцепување на ЗСО по 20 години, објави српскиот портал „Телеграф.рс“, повикувајќи се на неименувани извори во Европска народна партија (ЕПП).

Според „Телеграф“, Меркел веќе го претставила планот на колегите од Балканот, според кој, поделбата на крајот од целиот процес сепак е можна.

Неименувани извори во ЕПП, каде припаѓа и партијата на Меркел, Христијанско-демократска унија (ЦДУ), наведуваат дека планот на Меркел треба да се реализира на краток и на среден рок.

Во првата фаза треба да се формираат ЗСО, на што Меркел инсистираше и на последната средба со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Според Телеграф, Меркел планира ЗСО да има поголеми ингеренции односно така наречени „ЗСО плус“.

Од друга страна, планот на Меркел предвидува верификација на состојбата на терен т.е. признавање без признавање, а „Телеграф“ наведува дека тоа би значело дека Белград би се согласил да ја „препознае реалноста, но не и независноста“, додека Приштина би се задоволила со тоа дека нема да биде попречувана да стане членка на меѓународни институции.

Според неименуваните извори од ЕПП на кои се повикува српскиот портал, првата фаза би требала да се спроведе во краток рок, додека на втората фаза би се требало дас е чека 20 години.

– По тој период, во ЗСО би бил одржан референдум за отцепување, што би создало реална шанса, да тој дел од Косово, во кој живее мнозинско српско население да се врати под ефективна власт на Белград, пишува „Телеграф“, повикувајќи се на извори од ЕПП.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија викендов се вакцинирале 22.000 странци

Редакција

Грција: 20 туристи од Србија позитивни на Ковид-19

Редакција

(Видео) Голем митинг за подршка на Вучиќ во Белград

Редакција