еМагазин
Image default
Свет

Во сообраќајна несреќа во јужна Италија загинаа 12 странски државјани

Вкупно 12 лица загинаа, а три други се повредени денеска при судир на камион и комбе во јужната италијанска област Фоџа, јави ДПА.

Италијанската полиција соопшти дека сите загинати биле странски државјани, кои со комбето се враќале од берба на домати.

Во полициското соопштение не е наведена националноста на загинатите, но италијанските медиуми јавуваат дека станува збор за мигранти по потекло од северна Африка.

Повредени се уште двајца патници од комбето, како и возачот на камионот, кои не се во животна опасност.

По директниот судир со камионот, што превезувал брашно, комбето се превртило на покривот,

На земјоделските површини во Италија вообичаено за берба сезонски се ангажираат странци, кои најчесто работат на црно.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Повиците за ограничување на цените на рускиот гас се „глупави“ и ќе доведат до повисоки цени на енергенсите

Редакција

Најлоша варијанта досега: Во Јужна Африка откриен нов опасен сој на Ковид-19, СЗО свика итен состанок

Редакција

Русија предупредува: Артикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за влез во НАТО

Редакција