еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Tатко и две деца од Македонија безбедно ја напуштија Газа, упатени се кон Каиро

Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок, беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Македонија, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.

– Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа. Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани, појаснуваат од МНР.

Најавуваат дека Министерството за надворешни работи преку својата дипломатска мрежа во Каиро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка

Редакција

Воземирувачко видео од местото на сообраќајката кај Три Чешми во која загина 37-годишен маж од Гевгелија

Редакција

Продолжува судењето за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски

Редакција