еМагазин
Image default
Локално

Татко и син нападнати со стапови поради недоразбирање за напасување добиток

Татко и син од тетовско Камењане пријавиле во полицијата дека вчера биле физички нападати од три лица од Долно Палчиште, а причина за тоа било расправија околу напасување на добитокот што двете групи го правеле во атарот на Горно Седларце. Според пријавата, тројцата од Долно Палчиште ги нападнале и удирале со дрвени предмети.

„Вчера во 14 часот и 20 минути, Ф.Р.(63) од тетовско Камењане во СВР Тетово пријавил дека околу 14 часот, на нива во атарот на тетовско Горно Седларце, тој и неговиот син Е.Р.(34), биле физички нападнати од три лица од тетовско Долно Палчиште. Во нападот тие користеле и дрвени предмети. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, информира СВР Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две девојки повредени откако возило на МВР во „рикверц“ удрило во два мопеди

Редакција

Млад скопјанец починал на лов на Китка

Редакција

(ВИДЕО) По невремето во Преспа: Автокапот Крани како погоден од ураган

Редакција