еМагазин
Image default
Локално

Татко и син од Прилеп едвај спасиле глава од насилници кои пиеле сред пат

На 18.04.2020 година во 21,00 часот во СВР-Битола, З.И. (39) од Прилеп, пријавил дека истиот ден додека заедно со неговиот татко В.И. (66) од Прилеп, се движеле со возило од село Тројкрсти кон Прилеп, на патот наишле на паркирано патничко моторно возило “фолксваген голф“ при што на самиот пат имало поставено маса на која што седеле две лица кои конзумирале  алкохол, информира МВР.

„Притоа З.И. ги замолил да го тргнат возилото со цел да можат да поминат, но истите одбиле да го тргнат возилото. Тогаш В.И му рекол на својот син да повика полиција, но во тој момент лицата физички ги нападнале при што на В.И му нанале видливи повреди во пределот на главата.

Едното лице му го зел телефонот на З.И. а другото лице зело од масата нож и почнало да трча кон него, по што тој почнал да бега. Двете лица повторно го нападнале В.И. удирајќи го насекаде и цело време замавнувале со ножот со цел да го повредат.

По кратко време З.И. и В.И. успеале да побегнат кон селото Тројкрсти и настанот го пријавиле во полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драма во Идризово: Почина затвореник од Кавадарци по обид за бесење

Редакција

Две момчиња „оперирале“ во радовишко: Шест месеци краделе нафта од багери, камиони, булдожери…

Редакција

46-годишен маж загина, а малолетничка е тешко повредена во сообраќајката на патот Кичево-Гостивар: Детали од МВР за несреќата

Редакција