еМагазин
Image default
Македонија

Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани

Владата, на денешната 5-та седница го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести согласно кое кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата ќе работат според Протоколот за организирање на настани.

„На предлог на Комисијата за заразни болести денеска Владата ги усвои и Протоколот за работа на природните лекувалишта за услови на пандемија со Ковид-19, како и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на епидемија со Ковид-19“, соопштија од владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Името Северна Македонија сме си го избрале сами, вели Заев

Редакција

Поранешниот градоначалник на Битола, Талески, почна со издржување на казната за „Транспортер“

Редакција

Заради бегалската криза, зголемен број на војници и полицајци се распоредени на границата со Грција

Редакција