Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
-Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва.
ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на „ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност.
ТЕЦ Неготино сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите, велат од ЕСМ.
Фото: ЕСМ