еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Телата на трите члена од семејството од Косово, пронајдени во Лепенец

Пронајден е автомобилот „бмв“ со косовски таблици и безживотните тела на тројцата патници во реката Лепенец во близина на местото каде вчера попладне падна по сообраќајна несреќа, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за МИА.

– Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар, денеска во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце, информираат од МВР.

Оттаму велат дека е пронајдено и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале, а се потврдуваат и претходните информации дека по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.

Вчера попладне во возилото „бмв“ со косовски таблици удрил „фолксваген туран“ со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. Во возилото биле и неговата мајката, таткото и 16-годишниот брат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Семејство од Косово исчезна во реката Лепенец, се спаси само едниот син

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дениција е најчестото женско, а Давид најчестото машко име во Македонија во 2019 година

Редакција

Починаа девет нови лица од Ковид-19, вкупната бројка се зголеми на 460

Редакција

Нови 72 случаи на Ковид-19 од 793 тестирања, најмногу во Скопје 24

Редакција