еМагазин
Image default
Македонија

Тензично на судењето за „Меѓународен сојуз“, дадена пауза за смирување на ситуацијата

Судот даде пауза на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, со цел смирување на ситуацијата по исказот на сведокот на Јованка Стојановска – Кухар, дека сопругот на обвинетата Кристина Блажевска, ја контактирал во време на судењето за случајот „Рекет“.

– Од кога бев повикана да давам изјава пред обвинител, после некое време кога беше судењето за „Рекет“, ме контактира пријател на Бојан Јовановски, и ми рече дека на Бојан му е жал за што се случило, парите ќе ми ги врати, но само треба да потпишам на бланко лист, рече сведокот Кухар, по што обвинителката Ивана Трајчевска, инсистираше да го каже името на лицето кое ја контактирало.

Лицето беше сопругот на Кристина Блажевска, изјави сведокот Кухар.

На ваквата изјава на Кухар, реагираше обвинетата Блажевска, која ја обвини дека сведочи под притисок, додека обвинетиот Бојан Јовановски рече дека сведокот лаже.

Од овие причини со цел да се смири ситуацијата во судница судијката Софче Ефремова, даде пауза.

Препукувањата меѓу обвинетите и обвинителката продолжија и во ходникот на судницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Меѓународен сојуз”: Сведокот Кухар го обвини Бојан Јовановски за измама од 250 илјади евра

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Редакција

Пријавувањето за гласање на изборите на болни и немоќни завршува утре, на лицата со Ковид-19 на 11 октомври

Редакција

Уставниот суд има оформено предмет за вработените во СЈО, нема за владината одлука за пари за високообразовни установи

Редакција