еМагазин
Image default
Локално

Тешко повреден маж во синоќешното невреме

Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата. Тој излегол да ја затвори, но поради невремето, силниот ветер и обилните врнежи, капијата во еден момент се откачила и го повредила.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 22:00 часот во Полициското одделение – Сарај.

Повредите на Ј.С. му се констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Извршен е и увид на местото на настанот од страна на СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмски сцени во казино во Кочани: Тепал кого стигне, пукал и побегнал од полицијата

Редакција

Шеесет и пет годишен човек од Скопје почина во сообраќајка кај Крива Паланка

Редакција

Најден удавен маж на брегот на Вардар кај поранешен велешки ХИВ

Редакција