еМагазин
Image default
Локално

Тетовчанец ја тепал сопругата и синот го нападнал со секира

На 01.02.2020 на ул.„Црнотравска“ во Тетово од полициски ссужбеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Љ.Б.(59) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“, информира МВР.

На 01.02.2020 во 17.20 часот во СВР Тетово, неговата сопруга и нивниот син, и двајцата од Тетово, пријавиле семејно насилство од страна на Љ.Б. Според пријавеното, тој околу 15.15 часот дошол во семејниот дом во алкохолизирана состојба и физички ја нападнал сопругата, по што синот, во обид да го спречи својот татко, бил нападнат од Љ.Б. со секира.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство прибира докази: Возачот кој на пешачки ја усмрти 24-годишната девојка од Радовиш, на распит во полициска станица

Редакција

Четиригодишно девојче тешко повредено по удар од „Голф“

Редакција

Исчезна маж кој боледува од Алцхајмерова болест

Редакција