еМагазин
Image default
Локално

Тетовец приведен поради физички напад врз 18-годишната ќерка

Жител на Тетово е приведен од полицијата вчера попладне откако неговата ќерка го пријавила дека физички ја нападнал неколку часа пред тоа.

„Вчера во 17 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец А.Т., постапувајќи според пријава од 16 часот, според која околу 13 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка“, информираат од СВР Тетово.

Тетовецот бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот  ќе следува соодветен поднесок.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во Полициската станица во Валандово

Редакција

(Фото) Се запали возило на Итната медицинска помош во Куманово, нема повредени

Редакција

Тетовец за време на полициски час дивеел со „БМВ“

Редакција