еМагазин
Image default
Бизнис

Тетовски Интерпромет лани работел со добивка

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Интерпромет АД Тетово оствари позитивен финансиски резултат во бруто износ од 576 илjади денари наспроти бруто добивката во 2020 година во износ од 655 илјади денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Во текот на 2021 година Друштвото своето работење го темелеше на редовните дејности од издавање на недвижен имот под закуп.

Во 2021 година опкружувањето во чии што рамки работи Друштвото имаше големи рефлексии на работењето во однос основната дејност поради пандемијата со Ковид-19.

Општата намалена ликвидност во државата имаше влиание на редовната наплата на побарувањата од купувачите,а со тоа и на ликвидноста на друштвото.

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Друштвото оствари расходи во износ од 22.604 илјади денари, кои се за 927 илјади поголеми од расходите во 2020 година кога изнесувале 21.667 илјади денари.

Зголемувањето на расходите се должи на зголемени расходи-останати трошоци од работењето од редовни активности за време на светската пандемија со Ковид-19 и останати расходи“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Интерпромет“ оствари добивка од 1,1 милиони денари за три месеци

Интерпромет откупи сопствени акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов повик и нови критериуми за субвенциониран авиопревозник

Редакција

„Алкалоид“ ја пушти во функција својата нова професионална дигитална платформа за медицински професионалци

Редакција

Владата доцни со помошта: Стопанска комора изготви мерки за надминување на кризата со струјата, бара итна средба со надлежните

Редакција