еМагазин
Image default
Бизнис

Тиквеш со намалена добивка и приходи во првото полугодие

Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци во првите шест месеци од годината бележи намалување на вкупните приходи за 20%, информира винаријата преку Македонската берза.

“Се оствари бруто добивка на износ од 183 милиони денари и оперативната добивка во износ од 26 милиони денари.

Финансиските расходи се пониски за 50%.

Се оствари нето добивката пред оданочување во износ од 19,8 милиони денари што претставува намалување за 63%.

Во 2020 година се остварија вложувања во материјални средства од 8,5 милиони денари.

Во делот на консолидираниот биланс на успех за првата половина на 2020 година, вкупните приходи забележаа намалување од 18%.

Се оствари бруто добивка во износ од 216 милиони денари, односно намалување од 20% и оперативната добивка во износ од 24 милиони денари.

Се оствари нето добивката пред оданочување во износ од 16,3 милиони денари, што претставува намалување за 66%“, велат од Тиквеш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux Domainеs освоија четири златни медали и една специјална награда на „Citadelles Du Vin“ 2020 во Франција

Омилените „Смедеревка“ и „Розе“ на ВВ „Тиквеш“ отсега и во полулитарска амбалажа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адинг лани со зголемена добивка

Редакција

Кои се новите членови на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Редакција

Продаден блок акции од „УСА-МАК компјутерс“ за 39.000 евра

Редакција