еМагазин
Image default
Бизнис

ЗК Пелагонија со загуба во првото полугодие

Во првите шест месеци од годината ЗК Пелагонија АД Битола оствари оперативни приходи во износ од 637.498 илјади денари. Истите бележат намалување од 25 % во однос на истиот пресметковен период од минатата година, информираат од комбинатот преку Македонската берза.

“Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажба на добра и услуги кои опфаќаат 88,74% од вкупните оперативни приходи или износ од 565.730 илјади денари.

Приходите од продажба бележат тренд на намалување во однос на претходната деловна година и истите се намалени за 27%.

Останатите оперативни приходи кои изнесуваат 46.987 илјади денари учествуваат со 7.77% во вкупните оперативни приходи и истите бележат зголемување од 4.304 илјади денари во однос на истиот пресметковен период од претходната деловна година.

Остварените оперативни расходи во овој пресметковен период од деловната 2020 година опфаќаат износ од 912.370 илјади денари и истите се поголеми во однос на оперативните приходи за износ од 274.872 илјади денари или за 43,11% .

Промената на вредноста на залихите во анализираниот пресметковен период од тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира приходна ставка во износ од 194.259 илјади денари и Групацијата ЗК Пелагонија оствари оперативна загуба во износ од 80.613 илјади денари.

Остварената оперативна загуба во пресметковниот период од тековната година бележи зголемување во однос на истиот пресметковен период на претходната деловна година во апсолутен износ од 58.019 илјади денари.

Финансиските расходи во пресметковниот период се поголеми од финансиските приходи за износ од 52.384 илјади денари, што од своја страна го намалува нето финансискиот ефект од работењето на Групацијата, и Групацијата во овој пресметковен период оствари загуба од редовно работење на износ од 132.997 илјади денари“, информираат од ЗК Пелагонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем пораст кај акциите на ЗК Пелагонија, најголем пад кај Жито Полог

ЗК Пелагонија во загуба од 154 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 33.000 евра

Редакција

Хотел, трговски центар, спортски терени, бунгалови се предвидува да се градат на езерото Треска

Редакција

Милаим Амеди избран за член на Одборот на директори на Тутунски комбинат Прилеп

Редакција