еМагазин
Image default
Бизнис

Тиквешките угостители ги затворија објектите: Очекуваат од Владата да ги олабави мерките

Здружението на Тиквешки угостители на вчерашниот состанок донесоа одлука да ги затворат објектите, се до олабавување на мерките.

„И покрај забраната за работење од девет недели почнавме со ограничен капацитет само на летните тераси за кои што не бевме претходно информирани, а се соочивме со намалено работно време како и ограничување на бројот на гости, две лица на маса.

Очекувавме премин од втора во трета фаза, при што до сега требаше да има олеснување на мерките кои ги ветуваше владата како и нивно нереализирање.

Очекуваме во рок од 24 часа да бидеме повикани на состанок од надлежните инститиции да се разговара за разлабавување на мерките и повторно отворање на објектите со нови протоколи издржливи за угостителскиот сектор.

Се до надминување на овие проблеми, објектите остануваат затворени,“ стои во записникот од состанокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угостителските објекти се речиси празни, слабо гости и работа

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Карпош вработува 10 лица, плата до 29.694 денари

Редакција

Главната зграда на Еуростандард банка се нуди на аукција за 8,4 милиони евра

Редакција

Претставници на УСАИД на средба во Македонската берза за придобивките од платформата „Funderbeam“

Редакција