еМагазин
Image default
Бизнис

Претставници на УСАИД на средба во Македонската берза за придобивките од платформата „Funderbeam“

Македонска Берза со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем од неодамна овозможи систематски и организиран пристап до платформата Funderbeam која е наменета за финансирање на стартапи, но и мали и средни претпријатија преку принципот на crowdfunding.

„Во рамките на настанот „Недела на Funderbeam“,  извршниот директор на Македонска Берза, Иван Штериев денеска се сретна со Гречен Биркл и Едвард Гонзалез од канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, дискутирајќи ги придобивките што македонското деловно опкружување ќе ги добие преку оваа платформа.

Северна Македонија е меѓу првите земји од регионот на Западен Балкан која ќе има ваков пристап до crowdfunding  платформата Funderbeam, овозможувајќи домашните претприемачи да имаат брз, транспарентен и едноставен начин за финансирање на нивните иновативни идеи, а македонските инвеститори да вложат финансиски средства во овој дел од бизнис секторот“, информираат од берзата.

Фото: Македонска берза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова листа на УЈП: Над 4.500 граѓани и фирми должат 10,2 милијарди денари

Редакција

НЛБ Банка со целосно бесплатно мобилно и електронско банкарство до 15-ти април

Редакција

Стефан Богоев е новиот директор на Царинска управа

Редакција