еМагазин
Image default
Македонија

„Титаник“ одложен поради отсуство на Кирил Божиновски

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ продолжува на 5 март поради отсуство на обвинетиот Кирил Божиновски.

На денешното рочиште требаше да бидат сослушани тројца сведоци, кои се повикани за следното рочиште заедно со уште шест редовно закажаножи сведоци.

Адвокатите на обвинетиот Кирил Божиновски, го информирале судот дека тие заедно со клиентот учествуваат на закажаната главна расправа по предметот „Талир 2“.

Судот констатира дека на 24 февруари е доставен поднесок од Божиновски дека е закажана расправа по друг предмет во кој е тој обвинет. Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за „Титаник“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Американскиот секретар за одбрана Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја

Редакција

Протокол за лекување од Ковид-19 има, но можеби сме мрзеливи да читаме 35 страници, вели Сали

Редакција

Видео од спасувањето на еден од исчезнатите Македонци на Халкидики

Редакција