еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Топлото време сепак влијае на намалување на бројот на заболени од Ковид-19

Топлото време и тропската клима можат да помогнат во намалување на ширење на Ковид-19, покажа најновото истражување.

Теоријата која беше актуелна на почетокот на пандемијата, за потоа да се смета за неточна, сега повторно се зема предвид, бидејќи најновата студија покажува дека топлината и УВ-зраците сепак влијаат негативно на вирусот, иако не го уништуваат.

Студијата открива дека местата со висока температура и долги часови на сончева светлина како земјите во близина на Екваторот и оние кои имаат вистинско лето, имаат пониска стапка на заразени случаи со Ковид-19, во споредба со земјите кои се оддалечени од екваторот и оние се студено време, пишува „Лајв Сајенс“.

„Нашите резултати не значат дека болеста ќе исчезне за време на летото, или дека нема да ги погоди земјите близу Екваторот. Наместо тоа, повисоките температури и посилното ултравиолетово зрачење на лето, веројатно ќе потпомогне во намалување на бројот на заразени со Ковид-19,“ напишаа авторите на истражувањето.

Фото: Photo by Yaroslav Muzychenko on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски за СП: За да се прогласи крај на епидемијата треба да нема ниту еден нов случај 28 дена

Редакција

Промоција на книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска, девојката која со Александар загинаа на Кајмакчалан

Редакција

Скоро половина од возрасните во Македонија пушат цигари

Редакција