еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската комисија очекува почеток на преговорите со Македонија и Албанија што поскоро

По изјавата на германскиот министер за надворешни работи дека не треба да се раздвојат Северна Македонија и Албанија во преговарачкиот процес до ЕУ, со сличен став реагираше и Европската комисија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролката за проширување Ана Писонеро на денешниот редовен брифинг за новинари одговарајќи на прашање го повтори ставот на Европската комисија.

– Европската комисија со нетрпение очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро, ова е јасна позиција на Комисијата, но Советот е тој што треба да ги одобри преговарачките рамки што ги поднесовме веќе пред некое време, рече Писонеро.

Таа додаде дека се очекува од португалското претседателство да ги свика конференциите за двете земји што поскоро.

Европската Комисија смета дека двете земји се подготвени да ги започнат преговорите со ЕУ штом земјите членки дадат зелено светло за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија одамна ги исполни условите за пристапување во ЕУ, порача германскиот министер за надворешни работи, Мас

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 88 заболени од корона вирусот од 1.507 тестирани, најмногу во Скопје, Штип, Струга

Редакција

(Видео) Почина пејачот Масимо Савиќ

Редакција

(Фото) Макстил одбележа 25 години постоење и работа

Редакција