еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Повреди на главата констатирани кај жената која утрово беше пронајдена мртва во близина на Охрид

Лекарот од екипата на Службата за итна медицинска помош од Охрид што вршел увид на местото каде утрово беше пронајдено беживотно тело на женско лице констатирал телесни повреди врз главата.

Според информациите од СВР-Охрид, утрово во 8:20 часот С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.

Екипа на крим-техника на СВР-Охрид извршила увид на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Истрагата и обдукцијата ќе ги утврди околностите и причините за настапувањето на смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Безживотно тело на млада жена пронајдено на стариот пат Охрид – Струга

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката на починати во пожарот во ковид-центарот во Тетово се зголеми на 14, првично нема медицински персонал меѓу загинатите, велат од Обвинителство

Редакција

23,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија немале симптоми

Редакција

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од „Пред дождот” на Милчо Манчевски

Редакција