еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: Двајца млади од Кочани загинаа на автопатот Скопје-Велес

На 07.12.2018 година во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на с.Сопот, патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот, информира МВР.

На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани. Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крими-филм во Кичево: Дилерот пред полицијата ја фрлал дрогата во тоалет

Редакција

Скопјанец нападнат од четири лица

Редакција

Градот Охрид се откажува од новогодишната програма, поради смртта на Стојаноски

Редакција