еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: Малолетник загина откако со мотор излетал од патот

Загина 17-годишен мотоциклист од село Зрновци во несреќа утрово на регионалниот пат Кочани-Зрновци.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила утринава  во 03.41 часот, кога и било пријавено дека на регионалниот пат Кочани – Зрновци, во близина на место викано „Дива топола“, се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „кимко“, со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишниот В.А. од село Зрновци излетал од коловозот.

По незгодата В.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите.

За незгодата запознаен е Јавен обвинител и извршен е увид на местото од страна на увидна екипа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Фонтаната на виното во Кавадарци во завршна фаза, еве како изгледа

Редакција

Раководството на градинката „Буба Мара“ треба да го расветли случајот со дрското однесување на негувателка

Редакција

Петорица повредени во судар меѓу „БМВ“ и „Мерцедес“

Редакција