еМагазин
Image default
Локално

Трагедија во Скопје: Почина жена по удар од „Тојата ленд крузер“

На 20.03.2019 околу 14.30 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, возило „Тојота ленд крузер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(39) од Скопје, удрило во пешакот Ц.И.(69) од Скопје, информира МВР.

Со возило на Итна медицинска помош Ц.И. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, а во 18.30 часот починала. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го тепале и киднапирале поради нерасчистени долгови

Редакција

Татко со „мазда“ удрил во неговиот тригодишен син

Редакција

Пукал на семејна веселба во двор

Редакција