Во блок трансакција вредна 15,1 милиони денари или околу 245.000 евра вчера на Македонската берза се продадоа 211 акции од „Макпетрол“ АД Скопје. Акциите се продадоа по цена од 71.600 денари за акција.
Со тоа продолжи низата блок-трансакции со акциите на компанијата во која меѓу купувачите се јавуваат и нејзините главни менаџери.
Имено, на 29 декември, минатата година „Макпетрол“ АД Скопје преку Македонската берза информира дека членот на Управниот одбор Саша Лекиќ, се стекнал со 10 обични акции од компанијата.
На 29 јануари, годинава преку Македонската берза компанијата информира дека претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, се стекнал со 90 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје.
Пред неколку дена, на 11 февруари во блок-трансакција вредна 21,8 милиони денари или околу 354.000 евра на Македонската берза се продадоа 305 акции од „Макпетрол“ АД Скопје.
И покрај ваквите блок трансакции нема значителна промена во акционерската структура на Макпетрол каде доминантни акционери кои поседуваат над 5 отсто од акциите се јавуваат „Макпетрол“ и „Оилко“.
Истовремено, генералниот менаџер на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски се јавува како еден од најголемите акционери во „Оилко“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продаден блок акции од „Макпетрол“ за 354.000 евра
Пораст на вредноста на акциите кај најсилните компании од берзата, пад единствено кај „Макпетрол“
Андреја Јосифовски купи акции од „Макпетрол“