еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Три деца донесени на Детска клиника – на роденденска забава се напиле дизентал

Три деца синоќа биле донесени во Клиниката за детски болести откако на роденденска забава во игротека се напиле течност, најверојатно дизентал, соопшти МВР.

– На 11.06.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Аеродром, од ЈЗУ – Клиника за детски болести било пријавено дека во 18.00 часот во клиниката биле донесени тројца малолетници со црвенило на слузница во устата.

Според пријавеното, децата биле на роденденска забава во игротека на подрачје на Аеродром, а по преземени мерки и извршени разговори со родителите и вработените било утврдено дека децата се напиле од течност од шише, најверојатно дизентал, кое било оставено на шанкот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камионџија нападнал штипјанец во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот

Редакција

10 дена молк од македонските институции за скандалозното бегство на Груевски

Редакција

Се уште немаат достоен споменик: 20 години од загинувањето на десетте бранители кај Карпалак

Редакција