еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Три лица починале од Ковид-19 минатата недела

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 27 март до 2 април во Македонија се регистрирани 155 нови позитивни случаи на Ковид-19, со намалување од 13,4% во однос на минатата недела (n=179).

Процентот на позитивност се движи од 7,9% до 17,6%, просечно 11,9%.

-Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 15 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=91; 58,7%), a највисока инциденца е регистрирана во Прилеп (26,3/100.000 жители).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=80; 51,6%). Со оглед на малиот број на пријавени случаи, зголемувањето/намалувањето по возрасни групи е варијабилно.

Во текот на минатата недела (27.03-02.04.2023) со статус „оздравени“ се стекнале 174 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 58,2% повеќе во однос на минатата недела (n=110).

Во текот на минатата недела, пријавена е 51 реинфекција, за 7,3% помалку во однос на претходната недела (n=55).

Пријавени се три починати лица со датум на смрт во текот на последната недела (27.03-02.04.2023), од Скопје, на возраст од 66-86 години, со коморбидитети и починати во болнички услови, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сега е време за вистински потези, порача хрватскиот премиер Пленковиќ од Скопје

Редакција

Коста и Дејан поминаа 1.500 километри на велосипед Велес – Истанбул – Велес

Редакција

Звучни имиња на бизнисмени и компании на новата листа должници на УЈП

Редакција