Aмериканскиот Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл прогнозира три сценарија за бројот на починати лица од корона вирусот во нашата земја во зависност од тоа дали ќе има олеснување или враќање на заштитните мерки и рестрикциите за спречување на заразата.
Според првото сценарио, со сегашните мерки се прогнозира дека до 1 ноември во Македонија бројот на починати од корона вирусот да изнесува 1.629 лица.
Според второто и и најлошото сценарио, ако продолжи олеснувањето на мерките против корона вирусот во земјава се очекуваат 1.805 починати до 1 ноември. Во ова сценарио се предвидува бројката починати од корона вирусот до 1 ноември да се зголеми на 32 лица на дневна основа.
Според третото и најоптимистичко сценарио, со запазување на мерките за носење маски и другите протоколи бројот на починати од корона вирусот во земјава до 1 ноември би изнесувал 752 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Позитивни на корона вирусот 53 работници од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе
Детален преглед по скопски општини: Чаир и Аеродром со најмногу заболени од корона вирусот
Хоспитализирани осум деца позитивни на корона вирусот
Нови 164 случаи на заразени со корона вирусот, од нив 59 во Скопје
Фото: МЗ